Големиот руски класичар Фјодор Достоевски зазема почесно место во ризницата на светската литература, а неговиот роман “Браќа Карамазови” е меѓу стоте најголеми книги на сите времиња.
Како еден од најзначајните истражувачи на човековата психа во литературата, Достоевски верувал во бескрајната сила на човечката душа.
„Луѓето луѓето – тие се најважни. Тие се повредни од парите“.
Да допреме до убавината на еден голем ум, кој ни ја вети фразата: „Убавината ќе го спаси светот“.
Еве дел од неговите големи мисли…
Уживајте во животот, а не во неговата смисла.
Човекот е несреќен затоа што не знае, дека е среќен, само затоа.
Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче кое лае по Вас, никогаш нема да стигнете до целта.
Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мислете на минатото, гледајте само во иднината.
Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислувате на благодарност, тогаш не сте подариле, туку сте продале.
Кога богатството е изгубено ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено, се е загубено.
Ако рајот не е во тебе самиот, никогаш нема да влезеш во него.
Глупак кој станал свесен дека е глупак не е повеќе глупак.
Оној кој никогаш не го менува своето мислење се сака себеси повеќе отколку вистината.
Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа и со свој пример.
Оние кои знаат да говорат, говорат кратко.
Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.
Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.
Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. .. .Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!