Стотици илјади литри (благо речено) конфискуван алкохол е исчезнат од полициски склад во источна Индија. Полицијата тврди дека знае кој е виновникот.
Глувците. Глувците го испиле, велат полицајците кои биле задолжени за чување на складот.
Стаорците како пијаници без усул се добро познати во литературата и науката. Полицајците што пијат алкохол – тоа само во теориите на заговор можеби. Корумпирани полицајци што продаваат запленета роба – ни таму.
Затоа, сега е покрената и официјална истрага, а во иднина сите полициски станици ќе мораат редовно да известуваат за количината на алкохол во складиштата. Исто така, полицајците редовно ќе бидат тестирани на присуство на алкохол во крвта. Нормално, сето ова е чисто за да им се докаже на скептиците дека да, глувците навистина обожаваат запленет алкохол.
Патем, во државата Бихар во Индија, каде што се наоѓа и испразнетиот склад, конзумацијата и продажбата на алкохол се забранети. Во спорниот склад имало 900.000 литри конфискувани алкохолни пијалоци.
Патем, ако сакате малку подобро да ја запознаете индиската полиција, ѕирнете ТУКА.