Концернот General Motors ќе го прошири својот асортиман на кросовери, за да може да одговори на зголемениот интерес за слични автомобили во целиот свет, истакнува весникот Detroit Bureau.
За целта двата главни брендови на концернот – Chevrolet и Cadillac, веќе почнаа да ги обновуваат производствените линии. Целта е да бидат ослободени производствени капацитети, кои ќе бидат искористени за идните теренци на марките. Во Chevrolet сметаат да го позиционираат новиот модел меѓу Equinox и Traverse. На прв поглед ова изгледа речиси невозможно, бидејќи двата теренеци се речиси идентични – разликата во должината им е помалку од 10 cm, а палетата на мотори се препокрива. Во компанијата сепак нашле решение за проблемот, следниот Equinox ќе биде помал, а идниот Traverse – поголем. Така меѓу нив ќе се ослободи место за нов кросовер, кој ќе биде изграден на платформата на последната генерација на Cadillac XT5. Теренецот ќе добие трет ред седишта, а ќе им конкурира на Honda Pilot и Toyota Highlander.
Во Cadillac исто не ги кријат своите амбиции да заземат на пазарот во сегментот на помали кросовер. Нападот ќе започне со лансирање на компактен модел кој ќе треба да ги освои клиентите на Mercedes-Benz GLA и од направениот на истата платформа – Infiniti QX30. Покрај тоа, компанијата се подготвува да лансира уште два теренеци – еден со средни димензии и еден кој ќе стане новиот предводник на Cadillac. Тој ќе се распоредат под луксузниот Escalade, кој за возврат треба да биде посебен бренд.