Гневот на луѓето што се изгореа од трговијата со криптовалути

Трговијата со криптовалути во Јужна Кореја, која е трет најголем пазар за дигитални валути во светот, е многу сериозна.

Толку сериозна што кога минатата недела властите упаднаа во најголемите берзи за тргување со криптовалути – под сомневање за избегнување на даноци, и кога Владата предложи закон за забрана на „сите локални берзи за виртуелни валути“, светскиот пазар на криптовалути забележа сериозен пад.

Оттогаш над 220.000 лица се потпишани на онлајн петицијата против предлогот, кој според нив го крши „нивното право на среќа“ од трговијата со криптовалути.

„Да си купам сопствено живеалиште во Јужна Кореја е тешко, не знам како би можел да си го дозволам”, се вели во петицијата. „Не знам како би можел да живеам и да ги правам нештата што сакам да ги правам“.

По падот, разочарувањето меѓу трговците со криптовалути беше и повеќе од очигледно на јужнокорејскиот форум DC Inside. Покрај гневните пораки исполнети со вулгарности, корисниците постираа и фото-докази од последиците на нивниот гнев предизвикан од падот на цените на криптовалутите.

Иако коментарите и фотографиите се индикативни за компликациите до кои може да доведе потегот на јужнокорејското влада во однос на криптовалутите, на многумина ќе им се видат смешни. Особено на тие што (како нас) не се осмелија да купат криптовалути кога беше време.

„Штотуку изгубив 45% и го скршив мониторот”, пишува еден корисник.

Во гнев си го фрлил лаптопот. Кога се потсмирил и го отворил, видел дека е скршен, пишува друг корисник. Ветува дека веќе никогаш нема да тргува со криптовалути.

Прочитајте и:  Крипто-манија на славните – инвестираат милиони во криптовалути

Друг си објави слика од солзата. „Зошто… Таман ќе заработев некоја пара. Зошто ги блокирате (криптовалутите…“

На следниов му паднал мониторот додека удирал по масата во гнев.

Друг корисник лутината си ја испразнил во бањата. „По ѓаволите. Каде ќе се бањам сега?“, додава.

Тргувал со криптовалутата Рипл и „остварил“ 50% загуба. Настрадал мониторот. „Ако некогаш повторно тргувам со криптовалути, не сум човек, да знаете“, пишува друг.

Следниов изгубил 35%. Ги скршил и мониторот, и бирото.

А шоубаво му било наместено претходно:

Друг вестите ги чул додека јадел. „Зошто мора животов да ми е ваков. Сега не ми се ни чисти“.

„Не ми се приближувајте“, пишува трејдер кој изгубил 75.000 долари. „Сé живо ќе убијам“.

Следниов ѝ се сипал на вратата со стол. Сликата е објавена со коментар: „Добро, што треба, да се самоубијам?“

На следниов му се слошило, па тргнал да се замие во вецето. „Веќе следниот момент го кршев лавабото од бес“.

„Не ја бива. Све ова има да џитосам“, пишува друг со настрадана врата.

Шегата на страна, трговијата со криптовалути во Јужна Кореја е профитабилна „професија“. Вкупно 11% од луѓето на возраст меѓу 15 и 29 година во земјата се невработени, а првата рата за купување на стан е порасната за 73% во периодот од 2007 – 2016 година, пишува Business Insider.

- Реклама -