Го хакнаа автопилотот на Tesla со портокал (видео)

Човеков си има Tesla Модел S со поминати околу 40.000 милји (околу 64.000 километри), и како што вели и самиот, е презадоволен.

Меѓутоа, како што објаснува, после најновите апдејти на софтверот, автопилотот станал малку досаден. Ако го вклучите автопилотот и не го фатите воланот со раце цели две минути, екранот на контролната табла почнува да свети, трепка и свири. Така прави на секои две минути. Ако и после извесно време не ги вратите рацете на воланот, автопилотот ќе го запре возилото и комплетно ќе се изгаси (видете во следново видео на околу 1:06).

Згора на тоа, не е доволно лесно да го фатите воланот со раце. Воланот и автопилотот реагираат на притисок и тежина, па всушност мора да го притиснете или да го подзавртите, во спротивно ќе продолжи да титка и свири како да не сте воопшто присутни.

Се разбира, оваа функција е намерно вградена за да ги држи возачите будни и внимателни. Но во некои ситуации не е идеална, особено во нашиов пример, бидејќи човекот живее во Јута и често патува 5 часа по ужасно досадни перфектно прави патишта. Да го „будите“ автопилотот на секои 2 минути не е баш идеално; ќе му дојде како 5 часа да седите пред екран со скринсејвер и да мора да кликате на маусот на секои 2 минути за да не се изгаси (додека го гледате видеово, на пример).

Прочитајте и:  „Тесла“ и Илон Маск обвинети дека без дозвола „ги копираат“ дизајните и идеите од филмот "Јас, робот“

Но баш тука се гледа разликата меѓу (моменталното ниво на) машините и вештачката интелигенција – и луѓето. Американецов, на пример, проблемот со автопилотот го решава со тоа што поставува портокал на едната страна на воланот. Портокалот ем натежнува, ем кога ќе го заглавите врши притисок. Во видеово човеков вели дека вози вака едно 25 минути. Автопилотот ниеднаш му нема свирнато.

Истово го можете и со тениско топче, јаболко, сеедно… Ја контате поентата. Пак ќе повториме, не е препорачливо, ама можете.

- Реклама -