Фотограф на весникот WorldCarFans успеа да сними прототип на следната генерација на BMW X6. Машината беше “фатена” крај тест центарот на баварскиот концерн, кој се наоѓа до патеката Нирбургринг.
Судејќи по фотографиите, новата верзија на спортскиот кросовер нема да се разликува којзнае колку од сегашната изведба. Дизајнерите на BMW дефинитивно одбрале еволутивен пат на развој на стилистиката на возилото, но сепак има и нови нешта. Моделот има модернизирани фарови со LED секции и нов преден браник. Корекција претрпе и задниот браник, како и светлата од позади. Се зане дека новата генерација на BMW X6 има зголемени на димензии, должината е 4910 наместо досегашните 4877 mm. Моделот ја користи платформата на новиот X5 и има модернизирана конструкција. За изработка на шасијата се користат композитни материјали, што помага за намалување на тежината на машината.
Што се однесува до моторите, втората генерација X6 ќе се потпира на 3,0 литарски бензински мотор со турбополнач, 3,0 турбодизелски, како и на 4.4 бензински V8 со две турбини. Ќе има и хибриден погон, кој веќе беше прикажан на концептниот X5 eDrive. Тој се состои од 3,0 литарски бензински турбомотор и електричен агрегат. Сите варијанти се во спрега со 8-степен автоматски менувач.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус