Исак Мартинез (20) работник во ресторан во Меса, Аризона, се најде вчера наред пукотница, во која загина едно лице, а повредени се пет лица.
Мартинез е еден од ранетите. Нему во ресторанот „Бистро 13“ му пришол напаѓачот Рајан Жиро и ги побарал клучевите од неговиот автомобил, јави „Њузер“. Мартинез одбил, по што Жиро го застрелал во рамото и истрчал од ресторанот.
Мартинез исто така, истрчал надвор, ја фотографирал неговата натопена крвава униформа и ја поставил на Снепчет.
„Куршумот ме погоди од грб и помина низ моето“ рамо, напиша Мартинез на Фејсбук и постави уште еден „селфи“-како лежи ранет во болница.
„Ако куршумот погодеше малку повисоко или пониско, би ја погодил артеријата“, додаде Мартинез.
Мора да се признае, изгледа прилично среќно за некој кој тукушто бил ранет.