Факултетот за ликовни уметности, Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и годинава ќе организира дводневен настан на кој ќе бидат презентирани завршни изложби на студентите од факултетот.
На изложбите ќе биде претставена селекција на дела од студентите на катедрите за Сликарство и трансмедиумски практики, Скулптура и трансмедиумски практики, Графика и трансмедиумски практики и Ликовна педагогија, како и од изборни наставни предмети: сценографија, графички дизајн и конзервација и реставрација, реализирани во текот на академската 2023/2024 година.
Свеченото отварање е на 30 мај, четврток во Сули ан во Стара скопска чаршија.
Изложби ќе има во сите ателјеа и галерија „Гуте“. Во 19:30 часот, настап ќе има групата „Мрша“, а во 20:15 пригодна реч ќе одржи Проф. д-р Славица Јанешлиева, деканка на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, по што ќе следи прогласување на најдобри студенти и потоа настап на DJ Billy Esteban (Caffe De Anatolia).
На 31 мај, петок, во Галерија на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, ќе има изложби во сите ателјеа (во објект „Педагошка“ и Скулпторски ателјеа). Во 20:00 изложба ќе имаат наградените студенти од 4-та година на сите катедри на ФЛУ – Галерија ФЛУ, по што ќе следи свечено доделување на наградите: „Четирите мајстори на модернизмот„, „Борко Лазески“, „Петар Хаџи Бошков“ и „Ванчо Георгиев“.
Во 21:00 часот настап ќе има DJ Max пред ателјеата на катедрата Скулптура и трансмедиумски практики.