Годишното време на раѓање одредува како ќе бидете расположени во животот

Секое време си носи свои карактеристики.

Неодамнешното истражување спроведено на универзитетот во Будимпешта откри поврзаност помеѓу годишното време на раѓање и карактеристиките што при тоа ги добиваме, како резултат на зададениот биолошки часовник и количината на дневна светлина во времето на раѓањето.

Научниците тврдат дека родените во одредено годишно време имаат поголеми шанси да развијат одредени типови на темперамент, кои можат да предизвикаат промени во расположението. Според нив, тоа се должи на влијанието на годишното време врз одредени неуротрансмитери, како што се допаминот и серотонинот, кои се најзаслужни за контрола на промените во расположението. Сепак, научниците велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврдат деталите.

Истражувањето е спроведено врз 400 испитаници, а резултатите се следните:

 

ПРОЛЕТ
Родените во пролет имаат тн. хипертимички темперамент, кој ги прави попозитивни од луѓето родени во останатите годишни времиња. „Пролетните бебиња“ често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и многу брзо се „загреваат“ за некоја идеја. Не се претерано склони кон депресија. Уметничкиот талент е честа нивна карактеристика.

ЛЕТО
Тие имаат циклотимички темперамент, кој ги прави склони кон чести промени на расположението, кои и не мора да бидат предизвикани од некоја конкретна причина. Повеќе се склони кон нервоза од луѓето родени во некое од останатите годишни времиња, а се смета и дека често и лесно се заљубуваат. Почесто го менуваат работното место и склони се кон конфликти.

ЕСЕН
И покрај меланхолијата што е толку типична за ова време, луѓето родени во есен се најмалку склони кон депресија. Не дека се претерано позитивни, но се пред се, рационални карактери. „Есенските деца“ се прилично физички активни и имаат најмал ризик од ментални пореметувања.

ЗИМА
Тие се емотивно најстабилни и најотпорни на емоционални стресови. Научничкиот тим смета дека тоа се должи и на поголемите количини на сончева светлина што тие ги „впиваат“ и „акумулираат“ за време на престојот во мајчината утроба. Овие луѓе се водени примарно од разумот, а не од емоциите. Нивна карактеристика е постојаноста во ставовите и поставените цели.

- Реклама -