Голема акција на МВР и американската ДЕА: Запленета голема количина дрога, приведен и висок полициски службеник

Во голема полициска акција, заедно со Американската агенција за борба против наркотици – DEA (Drug Enforcement Administration), МВР заплени голема количина дрога, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 800.000 евра.

Како што информира Спасовски, во акцијата е приведен и висок полициски службеник.

„Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот“, порача министерот, на социјалните мрежи.

Прочитајте и:  Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи, имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал
- Реклама -