Десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи претпладнево се уапсени во голема полициска акција на МВР, во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол, објави ТВ „Канал 5“.
Според изворите на телевизијата, на акцијата ѝ претходела истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, кои траеле повеќе од една година. Акцијата, патем, сѐ уште трае.
Добро брифирани извори од истрагата од МВР, за „Канал 5“ рекле и дека вчерашниот брифинг организиран од една политичка партија, бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.