Голема награда за електричен авион

авионNASA доделила награда од 1,35 милиони долари за развивање на ултра-ефикасен електричен авион на компанија од Пенсилванија. Авионот Taurus G4 ја добил наградата летајќи 320 километри од Окружниот Аеродром Чарлс М. Шулц Сонома во Санта Роза, Калифорнија, за помалку од два часа.

авионАвионот речиси го „дуплирал барањето за издржливост“ за натпреварувањето. Побарувањето било за авион кој може да помине 320 километри за два часа или помалку на помалку од 3,78 литри гориво (или еквивалент во електрицитет) по патник. Pipistrel авионот употребил само околу 2 литри по патник. Повеќето од авионите во натпреварувањето користеле електрични мотори, но некои употребувале и мотори кои користат бензин или биогориво.
авионЛидерот на тимот Џек В, Лангелаан изјавил: „Пред две години идејата за поминување на 320 километри со брзина од 160 километри на час во електричен авион бепе чиста научна фантастика. Сега сите со нетрпение ја чекаме иднината на електричните летала.“ Од четиринаесетте авиони кои се натпреварувале, само три ги исполниле условите за учество. Наградата од 1,35 милиони долари е најголемата во историјата на авијацијата. Иако, тимовите кои се натпреварувале инвестирале над 4 милиони долари во нинвите авиони.
авионПобедникот бил развиен и изграден во Словенија како демонстратор за технологија за авионскиот пазар. И иако од компанијата велат дека немаат планови за масовна производство на авионот тие „планираат да користат електричен погон со течно ладење во изградба на четирисед кој го развиваат и за кој се надеваат дека ќе биде готов до следната година. [NASA issues award in green aviation competition]
авион

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -