Отварањето на сезоната на костумите за капење за жените значи неколку месечни подготовки со цел линијата да ја донесат до совршенство.
За мажите, овој период од годината не носи никакви предизвици. Доволно е да облечат костум за капење и подготвени се за на плажа.
Адам Сендлер
Актерот Адам Сендлер славата ја стекна како комичар, а неговото богатство се проценува на 300 милиони долари. Папараците често успеваат да го сликаат Сендлер на плажа, а според сликите, на овој актер не му смета големиот стомак за да се забавува во летните активности.
Џек Николсон
Ни холивудската легенда Џек Николсон не може да се пофали со добро тело. Но, ниту нему како и на Сендлер, вишокот килограми не му претставува никаков проблем.
Стивен Тејлор
За разлика од претходните, музичарот Стивен Тејлор нема проблем со вишокот килограми, ниту со големиот стомак. Она што ја нарушува неговата естетика на телото се неговите гради кои подобро би изгледале на женско, а не на машко тело.
Роналдо
Бразилецот Роналдо беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а кога пред неколку години се повлече од професионалниот фудбал, тогаш и престана да се грижи за својот физички изглед. Сега има неколку килограми вишок, а од стомачните мускули не останало ништо.