Големо украинско знаме ги засени руските во центарот на Астана за време на посетата на Путин, Казахстан започна истрага

Казахстанската полиција спроведува истрага за причините за краткотрајното појавување на украинското знаме на голем екран во центарот на главниот град Астана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин,информира Министерството за внатрешни работи на Казахстан.

Знамето се појавило накратко синоќа, заменувајќи го руското знаме на екран поставен на еден од главните булевари во градот.

Во тој момент, Путин веќе бил пристигнат во Астана. Екранот бил исклучен набрзо потоа, но снимки од настанот беа објавени онлајн.

Прочитајте и:  Зеленски: Во секој руски дрон има 85 странски компоненти, вакви напади се можни само поради заобиколувањето на санкциите

Министерството изјави дека се разгледуваат сите можни причини, вклучувајќи техничка грешка или хакерски напад.

Според минатогодишна анкета, мнозинството Казахстанци се неутрални во однос на војната меѓу Русија и Украина, но поддржувачите на Украина значително ги надминуваат оние на Русија. Русија е клучен трговски партнер на Казахстан, поради што економските проблеми на Русија често влијаат врз казахстанската економија.

- Реклама -