Од Google, тематски како и секогаш и за денес имале подготвено лого за поминувањето на астероидот. Но она што Google Doodle тимот не можеше да го предвиди е ненадејната експлозија на метеор во Русија.
Г буквата во логото се потргнува настрана кога покрај логото поминува астероид, а тоа го забележал утрово уредникот на „Search Engine Land“ Бери Шварц. Од Google потврдија дека е отстрането логото од почит спрема повредените во невообичаениот метеорски дожд во Русија. Инаку ова лого беше креирано со намера да се означи поминувањето на Астероидот 2012 DA14 покрај земјата.