Google автомобилот кој управува сам со себе

Станува збор за целосно автономен модел во кои патниците само се возат и уживаат. Дали се приближува кошмарот за сите вистински вљубеници во автомобилите или е ова светлата иднина на автомобилската индустрија…

Самостојно се движи, самостојно управува. Меѓутоа, овој автомобил се’ уште нема име. Официјалниот назив е Google Self-Driving Car Prototype. Возилото веќе се тестира на однапред одбрани рути, по кои се движи целосно автоматски, со брзина до 40 km/h. Интернет гигантот во перформансите на своето возило очигледно има огромна доверба, бидејќи не го опремил ниту со основните команди, а тоа значи дека патниците се целосно препуштени на електрониката.

Внатре се поставени само две седишта, команда Start/Stop, мал багажен простор и навигациски дисплеј. Интересно, автомобилот нема ниту аудио систем.

Google планира да произведе околу 100 прототип модели, кои следната година ќе бидат тестирани во Калифорнија. Покрај тоа, Google автомобилот изгледа многу едноставно и симпатично, па можеби ќе стане и икона на модерната ера. Ништо друго не ни останува, освен да чекаме и Apple iCar.

- Реклама -