Google Earth пронајде љубов: Шума во форма на гитара, за саканата

Педро Мартин Урета е аргентински селанец, кој во далечната 1977-ма година трагично ја загубил својата сакана сопруга.  Во нејзина чест, тогаш младиот Аргентинец, засадил шума со облик на гитара – омилениот инструмент на неговата љубена.

На 28 години, тој бил голем бунтовник. Но, тогаш ја сретнал Грасијела Ирисос и се се променило. Изградиле заеднички живот на плодната земја која ја имале и израснале четири деца, раскажува 70-годишниот Урета.

man-plants-guitar-shaped-forest-for-wife-in-pampas-argentina-2[1]

Грасијела имала голема желба и план за полето на кое живееле – сакала да засади шума во облик на гитара. За жал, сонот не и се исполнил, а таа починала на 25 години од церебрални аневризми, додека била трудна со петтото дете.

Но Урета не се откажал. Заедно со децата, тој го исполнил нејзиниот сон, а денес, шумата јасно се гледа на Google Earth.

 

- Реклама -