Ако ја поврзете камерата од мобилниот со податочните центри на Google, таа ќе стане вашето око со кое гледате и пребарувате сè.
Ако ја поврзете камерата од мобилниот со податочните центри на Google, таа ќе стане вашето око со кое гледате и пребарувате сè.
Да речеме дека престојувате во странство и сакате да научите повеќе за културата на тој народ. Сте посетиле модерен арт музеј и сакате да дознаете кој ја насликал сликата пред вас. Или можеби сакате да дознаете нешто повеќе за интересните градби и рестораните кои ги гледате.
За секој од овие примери, најважно за вас не е текстуалното пребарување, туку она што го гледате. Сега, со новиот сервис од Google за Android 1.6+ сите корисници ќе може да пребаруваат во својот видокруг.
На кратко, со овој сервис корисниците ќе може да пребаруваат преку фотографии наместо зборови. Едноставно сликајте со камерата на мобилниот, и ако ја препознае сликата, Google ќе прикаже релевантни резултати.
Погледнете го видеото подолу за повеќе информации. [Mobile Search for a New Era: Voice, Location and Sight]
{youtube}Hhgfz0zPmH4{/youtube}