Google и Microsoft „ги закопуваат секирите“

На петгодишната битка меѓу компаниите Google и Microsoft и се ближи крајот бидејќи и двете компании одлучија да ги завршат споровите и да се откажат од околу 20 тужби во Германија и САД.

1474585230560d3e3330600303050333_wide

Техноложките гиганти се спореа пред пет години во врска со правата кои се однесуваат на технологијата во Xbox конзолите и смартфоните на компанијата Моторола која беше во сопственот на Гугл  до јануари 2014 година.

Компаниите не ги открија финансиските услови на договорот, но ветија дека ќе работат заедно на зајакнување на одбраната на интелектуалните права. Мајкрософт исто во 2010 година тврдеше дека Андроид крши некои негови патенти.

Сега почнуваат други времиња во однос на компаниите, а во септември дури започна Мајкрософт-Гугл партнерство со кое гигантите сакаат да развијат нова генерација на стандарди за кодирање и декодирање на видео стримови.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome
- Реклама -