Google Street View освојува нова територија

паркGoogle го проширува својот Street View проект со фотографии од дестинации кои се недостапни за нивните автомобили. За да го постигнат ова тие ги монтирале своите направи на трицикли. Од лансирањето во 2007 Street View им овозможува на луѓето да „шетаат“ по градските улици, но сега ќе им овозможи и да уживаат во паркови, градини и историски споменици.

трициклОваа недела беше лансирана голема колекција на фотографии направени со помош на трициклите. Тие тежат по 113 килограми и се опремени со два метри висок јарбол со фотопарати. Единствен проблем е што поради тежината трициклите се тешки за управување. Идејата за фотографирање на јавни места кои се недостапни за автомобили била на инеженерот од Google Даниел Ратнер кој забележал дека улиците со калдрма во Барселона се недостапни за возилата на Street View.
Тој тогаш се сетил дека во светот има илјадници универзитети, паркови, патеки и други места кои не можат да се посетат со автомобил. „Мислам дека само делумно ги задоволуваме желбите на нашите корисници. Не ги споредуваме трициклите со автомобилите. Тие се тука за нивно надополнување.“ Google во моментов има Street View фотографии од повеќето градови во САД и уште 27 други земји. Сајтот не заработува директно, но е дел од Google Maps, кој има „голем и растечки рекламен елемент“ според еден претставник.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Уште од ланисрањето пред четири години, Street View се покажа како контроверзна идеја. Во ноември 2010 по голем број жалби Google мораа да ги избришат личните податоци кои автомобилите ги собрале од необезбедени wi-fi мрежи. Компанијата беше обвинета за незаконско собирање податоци како лозинки и адреси во процесот на создавање на Street View мапите. [Google straps Street View cameras to TRICYCLES to look around parks and footpaths]

- Реклама -