Google со патент за алтернативно отклучување за Android

Android корисниците подолг период го користеа бенефитот од брзиот пристап до често употребуваните апликации со помош на lock screen.

Ова Ви дозволува да влезете во која било апликација во само неколку чекори, доколку немате pattern lock на Вашиот телефон. Корисниците кои ја ценат личната безбедност на нивниот мобилен уред ја немаат таа лагодност за брзо стартување на нивните апликации, но сето тоа може набрзо да се измени.

Ова ќе биде овозможено со помош на новиот патент на Google кој ќе им дозволи на своите Android корисници да воспостават уникатна шема на заклучување за специфични апликации која ќе им дозволи брзо и едноставно стартување на овие апликации. На пример, една генерална шема на заклучување ќе биде користена да го насочи корисникот кон главниот екран, додека неколку други шеми на заклучување ќе бидат користени за стартување на Facebook, Angry Birds, Twitter и така натаму.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Не е јасно дали оваа карактеристика ќе им дозволи на корисниците да стартуваат само одредена апликација со специфична шема на заклучување или дали некој ќе може да излезе од некоја игра или апликација и да се врати до главниот екран без да има потреба да ја внесе главната лозинка.

Кога или дали некогаш оваа карактеристика ќе биде внесена во Android мобилните уреди останува да биде дополнително објавено од пребарувачкиот гигант.

текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -