Google тестира „copyless paste“ на смартфоните со Android

Google веќе некое време тестира една интересна опција, која се очекува да стане достапна следнава година.

Се работи за copyless paste, т.е. „прилепување“ на текст без негово претходно копирање. Во некои одредени случаи Google сам би погодил (или би се обидел да погоди) кој е зборот или изразот што сакате да го paste-ирате, и би го понудил како предлог во пребарувачот.

На пример, ако пребарувате информации за некој ресторан и потоа отворите Google Maps, Google сам ќе го ископира името на тој ресторан, и потоа тоа име ќе се појави во предлозите во полето за впишување во пребарувачот.

Првите информации за оваа опција беа објавени минатиот месец, но тогаш не беше познат начинот на кој ќе работи. Потребата од copyless paste се јавува и поради сé поголемата популарноста на гласовните виртуелни асистенти, кои веројатно во многу блиска иднина ќе нé навикнат да копираме и пастираме со едноставно изговарање на зборот/фразата – другото телефонот ќе го одработи сам.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Моментално опцијата се тестира само во Chrome на Android, не работи во Incognito Mode, и веројатно ќе биде достапна само на помоќните телефони, не и на поевтините модели со послаб хардвер.

Од Google засега нема коментар, па за имплементацијата ќе мора да почекаме некое време. Се шпекулира дека може да стане активна со новата верзија на Android, т.е. во некои од нејзините апдејти во текот на следната година.

- Реклама -