Google објави дека веќе се подготвени 9 нови јазици во Google Translate, со што вкупниот број на јазици во сервисот се искачи на 80.
Новододадените јазици вкупно ги зборуваат 200 милиони луѓе, а тие се следниве:
Hausa (Harshen Hausa) зборуван во Нигерија и соседните земји од 35 милиони говорници.
Yoruba (èdè Yorùbá) зборуван ви Нигерија и соседните земји со 25 милиони говорници.
Somali (Af-Soomaali) од Сомалија и блиските делови на Африка, со 17 милиони говорници.
Zulu (isiZulu) зборуван во Јужна Африка и другите југозападни Африкански земји. Вкупно го зборуваат 10 милиони луѓе.
Mongolian (Монгол хэл), официјален јазик во Монголија, а се зборува и во делови од Кина, вкупно 6 милиони говорници.
Nepali (नेपाली), Непал и Индија, 17 милиони говорници.
Punjabi language (ਪੰਜਾਬੀ) (Gurmukhi script), Индија и Пакистан, 100 милиони говорници.
Maori (Te Reo Māori), Нов Зеланд, 160 илјади говорници.
Google сеуште бара помош од своите корисници за додавање на нови јазици на својот сервис, па доколку знаете некој јазик кој го нема на Google Translate можете како волонтер да помогнете за додавање.
Сепак се прашуваме кога Google ќе престане да додава нови јазици, а ќе се посвети на квалитетот на преводот.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk