Google translate го додаде и македонскиот јазик во својот сервис

google-translate-hom-syste.jpg За сите оние кои ни испраќаа пораки за да направиме и англиска верзија
од сајтот, еве една одлична вест! Google translate, најпопуларниот
сервис за преведување, го вметна и македонскиот јазик во неговата
листа. Отсега лесно ќе може да ги читате сите странски сајтови на
македонски, како и обратно – нашите сајтови ќе бидат достапни на многу
светски јазици!


За сите оние кои ни испраќаа пораки за да направиме и англиска верзија од сајтот, еве една одлична вест! Google translate, најпопуларниот сервис за преведување, го вметна и македонскиот јазик во неговата листа. Отсега лесно ќе може да ги читате сите странски сајтови на македонски, како и обратно – нашите сајтови ќе бидат достапни на многу светски јазици!

Со овој популарен сервис на Google, 365.com.mk сега е достапен на повеќе од 50 светски јазици.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Google Translate е веб-апликација која преведува текст или цели веб-страници. Едноставно впишете го текстот(користете македонска поддршка!) или линкот од целиот сајт во полето, и кликнете на копчето Translate.

Според нашите први видувања, преводот на Google Translate е одлично направен на македонски, а доколку сакате да придонесете и да поправите евентуални грешки, внесете го точниот превод на македонски во формата на сајтот. [Google Translate]

365.com.mk на англиски јазик
365google1.jpg

Превод на зборови и реченици
google-traslateed-2.jpg

UPDATE: На десната страна во горниот агол преку модулот за превод ќе може брзо и лесно да ги преведете статиите од нашиот сајт. Кликнете на посакуваното знаме или одберете од листата!
prevod-3.jpg

- Реклама -