Google Wave – Комплетно нов начин на комуникација и соработка

Повеќе... Секој користи е-пошта и инстант пораки денес, но замислете кога би можело тие две форми на комуникација да се поврзат и да им се додаде на тоа уште еден куп корисни алатки за комуникација во реално време. Во основа така би изгледал описот на новата платформа која ја најави Google – Google Wave.


Секој користи е-пошта и инстант пораки денес, но замислете кога би
можело тие две форми на комуникација да се поврзат и да им се додаде на
тоа уште еден куп корисни алатки за комуникација во реално време. Во
основа така би изгледал описот на новата платформа која ја најави
Google – Google Wave.

google-wave.jpg

На Google Wave има од сè по нешто: е-пошта, инстант пораки, календар, Твитер, Википедија, презентации, споделување фотографии, социјални медиуми, форуми, мапи и речиси се друго што се наоѓа на Интернет, заедно  и на една голема платформа. Може да се рече дека е-поштата би изгледала така кога би била на стероиди. Развиена од браќата Lars и Jens Rasmussen заедно со Stephanie Hannon од канцелариите на Гугл во Австралија, оваа платформа се води од идејата дека е-поштата и инстант пораките, колку и да се успешни, потекнуваат од поодамна, а денес има се поголем број на веб содржини и зголемена потреба за нивно споделување. Или според зборовите на Lars Rasmussen, кога е-поштата би била измислена денес, би изгледала како Google Wave.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Примарната цел на Google Wave е подобрена комуникација во реално време. Луѓето со помош на оваа алатка можат да комуницираат и да работат заедно со помош на богато форматиран текст, фотографии, видеа и др. Секој учесник може да одговори од кое било место во пораката, да ја едитира содржината и да додава учесници во која било точка на тој процес. Секој ќе може да креира „Wave“ што е некој вид на хостиран разговор и кој може да вклучува дијалози во реално време, фотографии, документи, видеа и други форми на информации на еден простор кој може да се споделува со другите. Сè уште не е објавена конечната дата кога Google Wave ќе биде пуштен во употреба.

На конференцијата на 28 мај беше потребно час и половина за да се објасни целата работа околу Google Wave како што можете да погледнете (ако сте од оние најупорните) на ова Јутјуб видео кое излезе неодамна, а веќе достигна бројка од повеќе од 1.000.000 гледачи.

{youtube}v_UyVmITiYQ&feature=player_embedded{/youtube}
 
- Реклама -