Ѓорѓи Колозов – Македoнскиот цар од приказните

Некои луѓе живеат вечно преку делата што ги создале. Таков е и актерот Ѓорѓи Колозов, кој низ дузина проекти ја разви својата кариера во еден од најдобрите актери во Македонија. Приказните кои ги остави зад себе одбележуваат цела епата од нечии животи. Тој е омилената фигура од нечие детство, херојот од екраните на некој родител, за други пријател и соработник, сопруг и професионалец.

Цар, ѓавол, сиромав. Човек кој се уште низ приказните умее да не насмее и подучи „чунки, без ука, нема наука“.

gjorgji-i-shenka_n

Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци, а почина на 13 октомври 2003 во Скопје. Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денеска Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

По дипломирањето, тој бил  во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

kolozov-4

„Македонски народни приказни“ каде ја стекнал најголемата популарност се базирани врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, (кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја, и за правото и моралот на Македонците), Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература. Во прикзаните се појавил во дури 300 епизоди.

kolozov-2

Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил од 1975. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: “Од многу ум”, “Андрокле и лавот”, “Госпоѓа министерка”, “Чорбаџи Теодос”, “Женидба”, “Воена тајна”, “Мрестење на краповите”, “Слободни врски”, “Валпургиска ноќ”, “Рекламна бајка” и други.[1] Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонски дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

- Реклама -