Гостивар: Жена пријавила дека нејзината мајка ја нападнала и ѝ ги зела децата

СВР Тетово соопшти дека вчера (27.11.2024) во 08.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 35-годишна ќерка дека во нивниот семеен дом физички ја нападнала, а при нападот користела и тврди предмети.

Според пријавата, потоа, и нивен сосед ја нападнал 35-годишната жена и заедно со С.С. и ги зеле двете малолетни ќерки.
С.С е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор