Тројца гостиварци, ветерани акцијаши од Здружението на Акцијаши – Гостивар: Здравко Трипуновски, Ариф Мединовски и Ганија Мемедоски беа дел од работна акција во Нови Пазар, Србија.
Акцијата се одвиваше од 20 до 27 јули, а беше концентрирана на уредување на брегот на Езерото во Рибариќи во близина на Нови Пазар. Гостиварските акцијаши работеа заедно со акцијаши (Ветерани) но и Младинци од бившите југословенски простори.
Од Здружението велат дека им било чест да учествуваат во активноста, напоменувајќи дека трошоците за патувањето си ги финансирале од сопствени средства и во иднина се надеваат на поддршка од институциите.
Gostivarpress.mk неодамна објави сторија за Здружението „Акцијаш“ – Гостивар