Гостиварка бегала од кучиња скитници паднала и се повредила, напад од куче и во Долна Бањица

СВР Тетово извести дека вчера (26.10.2024) во 17.25 часот во ОВР Гостивар, 28 годишната гостиварка С.М., пријавила дека била нападната од кучиња скитници и при обид да избега паднала и се здобила со телесни повреди, констатирани во ургентен центар во Гостивар.

Исто така вчера, во 23.45 часот во ОВР Гостивар, Е.Х.(72) од Здуње, гостиварско, пријавил дека околу 22.00 часот во Долна Бањица бил нападнат и каснат од куче скитник.

Извор