Во последниот полициски билтен за гостиварското подрачје регистрирани се неколку случаи кои ги пренесуваме во продолжение:
Рано утрово 4.50 часот полициски службеници од ПО Галате, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ во гостиварско Дебреше го лишиле од слобода Ш.Л.(21) со место на живеење во Дебреше. Тој бил пријавен од неговата мајка дека агресивно се однесувал кон неа и и се заканувал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Вчеравечер во 23.30 часот во ПО Галате А.Н. (44) и Р.А. од гостиварско Врапчиште, пријавиле дека во селото пред угостителски објект, биле физички нападнати од Б.Џ. и М.Џ., двајцата од Врапчиште, кои при нападот употребиле и дрвени предмети. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17.30 часот полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај -Гостивар, на магистралниот пат Гостивар-Кичево го привеле Ј.С.(34) од Гостивар кој управувал патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистерски таблици, затоа што агресивно се однесувал кон нив. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе следува соодветен поднесок.