Сите го знаеме она непријатно чувство кога станува очигледно дека нашиот „нов“ компјутер е веќе застарена верзија во однос на најновите модели. Новата „GoSun“ печка го предизвикува истото чувство, но овој пат, во готвењето. Покрај неа, нашите печки изгледаат како антика. Соларната печка „GoSun“ го поедноставува готвењето до степен на максимална ефикасност. Може да зготви оброк за 20 минути, на максимална температура од 288 целзиусови степени.
Таткото на овој изум е соларниот инженер Патрик Шервин. Инспирацијата ја добил во еден момент на експериментирање со соларни панелни цевки. „Појдов до замрзнувачот, земав неколку хот-дога и ги ставив во цевката. Следното што се случи е тоа што имав готов ручек“, објаснува Шервин.
По две години на усовршување, соларниот готвач е спремен за масовна продукција. Тимот на „Apllied Sunshine“ ја лансираше „GoSun Stove“ на Kickstarter и веќе во првите 24 часа достигна 50 проценти од целните 40.000 долари.
Дизајнот на „GoSun“ просто вреска: „Јас сум од иднината!“. По малку иронично, природното готвење доаѓа со естетика на футуристичка технологија. Сепак, „GoSun“ е супер иновација во полето на соларната енергија.