Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. На овој состанок беа разгледани можностите за унапредување на соработката, како и поддршката во реализацијата на проекти од значење за развојот на локалната заедница. На средбата присуствуваа и политичкиот службеник и заменик-шефот на Одделот за политички прашања.
Овие иницијативи се важен чекор кон подобрување на односите и создавање услови за позитивен развој на општината.




