Истражувачката служба на британскиот весник „Економист“ го анализираше квалитетот на животот во 140 градови. Рангирањето е базирано на повеќе фактори, меѓу кои се безбедноста, здравствената заштита, образованието, инфраструктурата и животната средина.
Според објавените податоци, Мелбурн продолжува да биде градот во кој најдобро се живее. На второто место на листата се наоѓа Виена, а зад неа се Ванкувер, Сиднеј, Хелсинки и Цирих. Најдобро рангиран кинески град е Пекинг, додуша сместен на 69-тото место на листата.
Од друга страна, квалитетот на животот на глобално ниво се намалил за 1%, а стабилноста и безбедноста е полоша за 2.2%, што најмногу се должи на терористичките напади и воени судири во Сирија, Украина, Тунис и Либија.
Заклучокот е дека најдобрите места за живот се градовите со средна големина во богатите земји и со релативно мала густина на население. Тука не спаѓаат метрополите како Лондон и Њујорк, па следствено се и полошо рангирани.
Најлошите 5 градови на листата се Триполи, Лагос, Порт Морсби, Дака и Дамаск.