Градскиот дувачки оркестар официјално ја отвара пролетта на „Школка“

duvacki_orkestar
По повод одбележувањето на денот на пролетта, на 20 март (недела), во Градскиот парк на „Школка“, со почеток во 11:30 часот, Градскиот Дувачки Оркестар на Младинскиот културен центар ќе одржи концерт.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на скоро сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота на истите. Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на безвременските композиции  на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус…
- Реклама -