Грамофонските плочи стануваат бизнис на иднината

 

Колку и да звучи лудо, продажбата на грамофонските плочи секојдневно е сè поисплатлива.

plochi
Одамна се заборавија грамофонските плочи, а на нивно место се појавија компакт дисковите. Но и вторите со секој ден заминуваат во историјата благодарение на сервисите како што се Јутуб, Вево, Спотифај…

Меѓутоа, продажбата на грамофонски плочи носи повеќе пари во музичката индустрија, отколку сите три сервиси заедно.

Иако сервисите достапни на интернет заработуваат повеќе пари од порано, токму продажбата на плочи им нуди вистинска заработка на музичарите и сопствениците на продуцентските куќи.

Според податоците кои ги достави Американското здружение на дискографски куќи RIAA, продажбата на грамофонски плочи пораснала во САД за 52 проценти во последните 12 месеци. Ништо послабо не е ни во Европската унија.

Дали ова значи дека ќе порасне вредноста на добриот дел од грамофонските плочи кои ги имаме по дома во иднина, но и дали некој од нашите продуценти би се осмелил да тргне во ваква авантура? Просторот за вашите мислења е подоле…

- Реклама -