Great Wall лансира три нови модели во 2015 година

Кинеската компанија Great Wall, чии автомобили се произведуваат и од Литекс Моторс во фабриката крај Ловеч, ќе лансира барем три нови модели во наредната година. Возилата на прво време ќе се нудат само на пазарот во Кина, но во подоцнежна фаза можат да се појават и во Европа.

Меѓу новитетите подготвувани од најголемиот производител на кросовери во Кина, се Haval H7, спортското крос-купе во стилот на Haval Coupe Concept, како и обновената верзијата на познатиот Haval H5. Засега е познато само дека последниот од трите нови модели, освен преработена надворешност ќе добие и нови мотори. Во моментов на различните пазари кросоверот е достапен со два 2.0-литарски бензински мотори, со моќ од 115 и 177 КЅ, како и со два дизелски – 2,0 и 2,5 литри. Освен со нови мотори Haval H5 ќе добие и дополнителни опции во опремата. Во Great Wall планираат да ја лансираат новината на домашниот пазар, но и да се пробие на нови територии, а една од нив е САД.

За другите две верзии нема многу информации, но се дознава дека Haval H7 ќе користи многу елементи од моделот H6, кој се проиаведува и во Бугарија, па многу брзо и тој ќе се најде на европскиот пазар како и неговиот „помал брат“, а може ќе се произведува и во погоните во Ловеч.


- Реклама -