Грејачи за уши во студените денови

Понекогаш во зима преферираме да умираме од студ отколку да ставиме капа, со која ќе ја  уништиме фризурата. За среќа, алтернативата на капи, имено „ушињата“, се нудат во повеќе интересни, убави и шарени дезени, од кои можеме да избираме некоја по наш вкус.

Тиe се измислени  во далечната 1873 година од страна на американскиот тинејџер Честер Гријнууд од малото градче Фармингтен во Мејн. Се разбира, корените  на современите грејачи за уши биле доста груби.

 

Во последните 50 години тие станаа вистински хит. Нивната способност да ги штитат ушите од студот, а во исто време да го  задржуват беспрекорниот изглед на фризурата, ги направи омилени на безброј жени од целиот свет.

 

Огромната разновидност на стилови, бои, принтови и материјали за изработка го прави изборот повеќе од богат, така што секоја жена може без проблем да најде модел кој го задоволува  вкусот и одговара  на формата на лицето . Единственото правило при носењето на овој практичен моден детал  е тие да се комбинираат со марамата, палтото, ракавиците или чантата.

- Реклама -