Ниту една врска не е идеална и не треба да се стремите кон таа илузија, бидејќи во тоа никогаш нема да успеете. Сепак, трудете се да бидете свои и не плашете се од ситни кавги, зашто тие нема да ѝ наштетат на вашата врска туку само ќе ве зближат.
Постојат одредени нешта кои го уриваат темелот на една врска, а доколку се појават и не се спречат навреме тие ќе ја уништат врската.
Хронична љубомора
Да, секако сите се согласувате со ова. Но, сепак треба да напоменеме дека љубомората не секогаш е штетна, напротив, љубомората во мали дози ја одржува љубовта и ви дава гаранција дека партнерот или партнерката ве посакува. Природно е таа да биде љубоморна кога пријателски ќе се бакнете со некоја колешка од работа или факултет, но не е природно после ова таа или тој да се налути и два дена да не разговара со вас.
Дали ви се случуваат чести караници од типот: Каде беше вчера? Кои се женските/машките гласови кои зборуваат во позадина? Повеќе ти се важни другарите одколку јас и сл. Доколку ова е секојдневие во вашата врска таа со сигурност нема среќен крај. Љубомората е како лек, во мали дози ќе ѝ годи на вашата врска, но во поголеми ќе ја отруе. Секогаш бидете отворени кон партнерот, никогаш не прекривајте работи без потреба и не давајте му причина да се сомнева.
Уште пред да ве праша одговорете му какви намери имате и љубезно објаснете за што се работи. Љубомората може да се спречи пред да стане предоцна. Хроничната и болна љубомора неповратно го руши темелот на една љубов, колку и таа да била силна на почетокот.
Недоволна комуникација
Недоволната комуникација е тивок убиец на една врска. Полека го рони нејзиниот темел и ќе дојде до точка кога нагло ќе се сруши. Ова на почетокот не е проблем, но подоцна станува проблем. Доколку немате доволно вербална комуникација со партнерот, ќе се јават сомнежи, сомнежите ќе ја повлечат љубомората, а љубомората со сигурност ќе ја уништи врската.
Секогаш разговарајте со вашата партнерка или партнер. Јавете ѝ се кога најмалку се надева и прашајте ја што било. Разговатајте подолго секогаш кога ќе имате време, а трудете се тоа да биде колку што е можно почесто. Ако почесто и подолго разговарате за пријатни работи, вашите карактери ќе се зближат и ќе се врзат се посилно. Таа врска многу потешко се прекине бидејќи секој ваш разговор ќе биде доживување и заеднички момент кој и двајцата го паметите.
Доколку сте таинствени, се гледате кратко, се слушате еднаш дневно, а сексот е само рутина која ја правите повеќе од потреба, отколку од љубов, тогаш вашата врска е дефинитивно на крајот, доколку секако не преземете нешто.
Врската станува рутина
На почетокот сè е волшебно, а подоцна сè се случува и одвивка како по шаблон. Ова на многумина им е добро познато. Тука љубовта нагло опаѓа и работите се одвиваат како да се напишани пред време. Се гледате еднаш во два дена, се слушате само за да се договорите за вечер и сето тоа се повторува и повторува, сè додека не дојде до крајот, кој е неизбежен.
Ќе нагласиме дека, иновативноста, едноставнота и креативноста се гориво за една љубов. Приредувајќи изненадувања, креативни и енергични разговори полни со оптимизам и романтичен дух, ќе ја одржувате врската на високо ниво, а со тоа и задоволството на партнерот или партнерката. Сè додека сте спремни ова да го правите ќе ја одржувате и врската, а ако сте способни постојано да го правите ќе бидете сигурни дека сте заљубени во вистинската личност.
Непочитување на партнерот
Почитта е нешто што секој човек го бара, без разлика дали е стар, млад, богат или сиромав, човекот има потреба од почит. Почитта го храни духот и го одржува витален. Доколку еден човек ужива почит, тој одржува здрав и горд дух во себе. Ништо поразлично не е и во врската.
Вие можеби сте заедно долго и имате поминато многу добри, но и многу лоши работи. Што и да се случувало меѓу вас, за врската да продолжи да опстојува, основно е почитувањето кога сте сами, но и кога сте во друштво.
И мажите и жените уживаат кога партнерот пред сите ќе им укаже почит, кога нема да дава никакви саркастични забелешки против неа или него во друштво и кога секогаш ќе го подржува при разговори во друштвото. Ќе биде спремен/а секогаш вербално да го одбрани партнерот во разни разговори и пред сè, ќе го почитува нејзиното/неговото мислење.
Доколку се одржува почитта помеѓу вас секогаш ќе имате стабилна врска и врска на која сите ќе ви завидуваат. Некои научници сметаат дека пријатели после раскинувањето успеваат да останат оние парови кои за време на врската си укажувале многу почитување. Сите овие и уште многу други работи се дел од врската, а ваше е дали ќе дозволите да се развијат и да го срушат темелот на врската, или ќе ги решите и со тоа ќе ја зацврстите врската.
Објавено во соработка со За Здравје.