Како што на нас Грција ни е „омилена“ земја за одмор така и на нашите соседи Срби им е честа дестинација за да го поминат својот годишен одмор.
Во најголем број случаи се враќаме задоволни, како од сместувањето така и од условите кои сме ги добиле. Но, меѓутоа има и такви кои се враќаат разочарани.
Имено, еден српски турист го споделил своето искуство на популарната група на Фејсбук „Во живо од Грција“ од летен одмор во Неи Пори. Тој се пожалил за скапо сместување и за климата што била заклучена.
– „Ова го има само кај Грците. Катанец на клима. Сместување во Неи Пори за 35 евра од ноќ, доколку сакате и клима тогаш е 40 евра и тоа во септември. Ова е дефинитивно последен пат да летувам во Грција. Толку се мрзливи, прљави, нечисти, а и лакоми“ – напишал разочарениот Србин.
Соопштението предизвикало многу реакции, претежно од корисници кои ја обожаваат Грција.