Гркинка исфрлена од Олимпијадата поради расизам на Твитер

Грчката атлетичарка Вула Папахристу, што требаше да се натпреварува на Олимписките игри во дисциплината троскок, нема да патува во Лондон поради расизам.

Грчката атлетичарка требаше да патува за Лондон следната недела, од тренинг кампот во Атина каде што се во тек подготовките, но Грчкиот олимписки комитет донесе одлука таа да биде исфрлена од олимпискиот тим на нашиот јужен сосед.

Ова се должи на расистичкиот коментар што Папахристу го објави на Твитер: „Со толку Африканци во Грција, барем комарците од Западен Нил ќе можат да јадат домашна храна“. Сега, твитот е избришан, а на негово место стои извинување. Но, сето тоа е доцна, бидејќи одлуката е донесена и одговорните луѓе од Грчкиот олимписки комитет немаат намера да ја сменат улогата, велејќи дека нема место за расизам во нивната делегација.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

Без разлика колку атлетичарката тврди дека нејзиниот твит бил само шега, расистичкиот коментар е дополнително поткрепен од фактот што таа, речиси во исто време, направила ретвит и на контроверзниот грчки политичар, на еден негов крајно десничарски коментар за „меката политика“ на Грција во однос на имиграцијата. Сосема заслужено, Вула Папахристу ќе ги гледа Олимписките игри од дома.

- Реклама -