Грозјето е вистински чувар на здравјето

На летото полека му се гледа крајот иако темперетурите надвор ни од далеку не изгледаат така. Сепак сме на крајот на месец август, сезона која е карактеристична по многу работи, како на пример по зреењето на грозјето. Грозјето многу луѓе го сметаат за светост, а постои и добра причина за тоа.

Полифеноли, антиоксиданси, танини, кверцетин, се само мал дел од корисните состојки кои се наоѓаат во грозјето, а се одлични за организмот. Грозјето го штити телото од малигните промени, помага при детоксикација, а исто така е и одлично освежување за овие топли денови.

Посебен акцент се става на неговата улога во заштитата на кардиоваскуларниот систем. Грозјето има специфични супстанци кои штитат од штетниот холестерол и го чуваат звравјето на крвните садови и на срцето. Грозјето е одлично за лица кои покажале покачен холестерол или триглицериди на последната крвна анализа.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Сепак, научниците потенцираат дека грозјето има многу шеќер и не е баш најпогодно за дијабетичари, па затоа не треба да се претерува со неговата конзумација.

И белото и црното грозје се одличен избор бидејќи и двете содржат високо ниво на витамини, антиоксиданти и сите други состојки кои ги спомнавме.

Грозјето е одлично за комбинирање и во овошна салата, од него се прави вино или сок, но исто така е и одлично за јадење во свежа форма. Свежото грозје е одличен извор на железо, па ако патите од слабокрвност, тоа е вистинскиот избор за вас.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -