„Планираните дестабилизирачки случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи“, реагира вицепремиерот Артан Груби во врска со убиениот полицаец во северно Косово, за што Приштина го обвинува Белград.
„Нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид да се поттикне криза и конфликт со последици по мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион“, оценува Груби.
„Силно го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој полицаецот Африм Буњаку е убиен а други се повредени, во северно Косово.
Апелирам на внимателност и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизирање на состојбата, одлучност во враќање на редот и поредокот и блиска координација со меѓународната заедница.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејството Буњаку и на повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша Груби.