Груевски: Не знам чиј имот замрзнале, ама мој сигурно не е

„Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација.

Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично“, пишува на Фејсбук експремиерот Никола Груевски, од Будимпешта.

„Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица ‘не се жалеле’. Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено“, додава Груевски.

Тој уште еднаш обвини дека на долга листа лица им се прават жестоки притисоци, дури и со уцени и закани, со цел негова дискредитација. Некогашниот премиер, а сега азилант, и натаму тврди му се прави прогон спротивно од законот и дека материјални докази против него не постојат, како и дека темата „Груевски“ се наметнува по потреба, за дефокус од, како што вели, неспособноста и криминалите на власта.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Груевски ја предупредува власта:

„Ќе дојде време кога на сето ова беснеење ќе има ревизија, но и ревизија на нивното работење и криминал. Власта е влезена во тежок криминал и имаат со криминални методи заработени огромни суми пари. Тие неделно на нелегален начин и со криминал заработуваат повеќе од земјиштата и становите кои ми ги монтираат. Опкружени и здружени со тешки криминалци околу себе од земјата и од странство, на чија услуга се ставени и со кои секојдневно ги гледаме на фотографии со нив, неможат да се помират со фактот дека ветувањето ‘живот’ од нивна страна се покажа како едно тешко фијаско и големо разочарување а неспособноста и криминогениот стил на работење се гледаат секој ден.

Од ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не лажни или уценети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив“, пишува Груевски (целиот пост во продолжение).

- Реклама -