Груевски снимен во трговски центар во Будимпешта (ВИДЕО)

Вчера вечерта, унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од екс-премиерот, а сега унгарски азилант – Никола Груевски, додека се шета во трговскиот центар WestEnd City во Будимпешта, кој едно време важеше за најголемиот трговски центар во Централна Европа.

Како што пишува порталот, Груевски бил снимен во саботата во 21 часот, кога трговскиот бил празен, а продавниците веќе биле затворени.

„Иако Груевски тврди дека дома во Македонија животот му е во опасност, не изгледаше така кога во саботата околу 21 часот го сретнале нашите читатели“, пишува 444.hu.

Последен пат Груевски во Будимпешта беше снимен (не фотографиран) на ручек во познат ресторан во друштво на лице за кое подоцна се покажа дека е вработен во Царинската управа на Македонија.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

 

- Реклама -