Груевски сподели „искуства, анализи и идеи“ за совладување на коронавирусот

На денот кога Македонија бележи бројка од 70 потврдени случаи на коронавирус, во борбата против епидемијата со свој придонес се јави и експремиерот и азилант – Никола Груевски. Како човек што „повеќе пати бил на линијата на фронтот во големи кризи“, како што самиот вели, тој констатира дека Ковид-19 е многу брз, а реакцијата на владите многу бавна. Исклучок, оценува тој, не е ниту македонската влада, која според него доцнела во речиси сѐ.

Сепак, потенцира Груевски во постот, ова не е време за критики, туку за помош. Па така, пишува:

„ … Да, повеќе се збореше помалку имаше брза реализација. Но, да го оставиме тоа, не е сега време за критики. Целта на текстот не ми е критиката освен каде што со тоа ќе се помогне…

Во вакви ситуации не е толку спорно дека се ќе се направи. Но, клучно е кога ќе се направи. Од тоа зависи колку животи ќе се спасат, колку заразени ќе има, колкави ќе се штетите. Посебно ако си “мал”. Тогаш треба да си многу брз и мудар.

Важно е сега пропуштеното колку што е можно поитно да се надокнади. Имаме празни касарни, празни студентски и училишни домови кои може привремено да се користат како карантин, а се понудија и некои сопственици на хотели бесплатно да ги остапат. Јас би рекол дека за мала надокнада ширум Македонија сите или голем број хотели може да се искористат за таа намена затоа што и онака се празни, па така и ќе им се помогне да опстанат, да не затворат целосно.

Имаме прогласено вонредна состојба која може до максимум да го ограничи односно забрани движењето на повозрасните и болни лица кои со помош на армијата и на волонтерски групи контролирани и организирани од владата ќе ги снабдува со приготвена храна и лекови во домовите секој ден доколку немаат друг начин како да го обезбедат тоа (тоа ќе е и можност ресторантите да добијат малку работа барем колку да го платат персоналот и да ги покријат трошоците за да опстојат).

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Од друга страна помладите и здравите да се заштитат со маски, ракавици за да можат да одат редовно на работа за да не дојде до целосен колапс на економијата и банкротирање на многу фирми.

Влезот во јавен превоз треба да е дозволен исклучиво со маски и ракавици а дезинфекцијата да е на секој час. Маските, ракавиците и дезинфекциските средства треба итно со преадаптирање на домашното производство да ги набави државата и бесплатно да ги дели во автобусите, домовите, работните места …

Во вакви кризни ситуации, потребни се молневити, крупни и радикални мерки. Ако си бавен па дури и перфектен во чекорите, ја губиш битката. Дури и нешто да згрешиш, по важно е да си брз. Најголемата грешка е бавноста и доцнењето.

Треба брза реакција и веднаш да си зад петици на вирусот. Да го запреш ширењето. Да си пред него. Да ја активираш заедницата, граѓаните, да направиш брза и добра координација и кохерентност со другите сектори.

Треба исто така да сме свесни дека бројот на заболени, не само кај нас туку и во повеќето земји е најмалку 10 до 15 пати поголем од официјалните бројки, од причина што многу кои се помлади и здрави, 80% не го пријавуваат тоа или дури не се ни свесни затоа што лесно го поминуваат со мали или никакви симптоми, но сите тие се преносници и заразуваат други кои може потешко да поминат… “, пишува Груевски. Целиот пост во продолжение:

- Реклама -