Груевски за сослушувањето пред унгарскиот суд: Стандардна процедура

Утрово Груевски со лисици беше доведен во судот во Будимпешта, кој го разгледуваше барањето на земјава за негова екстрадиција. По неполн час, Груевски замина од судот исто како што дојде – со бејзбол капче и прочуените Мајбах очила за сонце, но без лисици на рацете и со пресуда дека екстрадицијата не се прифаќа.

Снимките и фотографиите од пристигнувањето на Груевски во судот ја возбудија македонската јавност, но без потреба, порача пред неколку минути експремиерот преку статус на својот Фејсбук профил:

„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако кpиминaлнaта и peкетapска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.

Cyдот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски.

- Реклама -