Гугл е виновен што мислиме дека сме паметни

Гугл знае, па и ние ќе дознаеме. Интернетот е наједноставниот пат да се дојде посакуваната информација.

Никој не оспорува дека е така, но сте размилиле ли некогаш за лажната слика која ја создаваме пред самите себе? Токму на оваа тема проговоре Метју Фишер, професор на Јеил.

Пребарувањето на интернет може да создаде лажна слика за тоа колку човекот може да научи. Иако во прв момент ni се чини дека информацијата ќе биде запаметена, често се случува исто прашање да се „гугла“ и по неколку пати во краток период.

Во студија на списание за експериментална психологија, наведено е дека „гуглачите“ многупати не го знаат одговорот на прашање што го пребарале пред само неколку денови.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

„Сега е лесно да се измеша сопственото знаење со надворешните извори на истото. Кога луѓето би размислувале самите и би истражувале, резултатите би биле многу подобри,“ вели водичот на истражувањето, Метју Фишер.

Пребарувањето на интернет можеби дава повеќе информации за пократок период, но тоа не значи дека неопходно доведува до напредување на интелектуален план.

Затоа, читајте книги и надградувајте се. Анализирајте и истражувајте, а „гугл“ користете го секогаш како дополнителна, но не и основна „литература“.

- Реклама -