Гугл на уникатен начин го одбележа роденденот на Толстој

Лав Толстој, целосно Лав Николаевич Толстој бил роден на 9 септември  во 1828  година и е  еден од најпознатите руски книжевници, воглавно поради неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-философски белези.

Толстој се смета за еден од најголемите романсиери на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати романи, Војна и мир, историска и реална реконструкција на наполенските војни и кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален философ, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Роман Роланд и Мартин Лутер Кинг.

Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед е создадено Толстојското општествено движење. Толстој иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат на истото, сметајќи дека секој треба да има своја свест. Како дел од благородничкото семејство Толстој, ја носел титулата гроф.

Гугл му го честита роденденот потсетувајќи не, на дел од неговите најголеми дела низ креативна галерија…

l7 l6 l5 l4 l3 l2 l1

Ние му го одбележуваме роденденот реобјавувајќи една негова мудрост, која што можете да ја прочитате ТУКА.

- Реклама -