Манчестер Сити го заврши своето учество во Лигата на шампионите многу порано од очекуваното. Пеп Гвардиола упати пофалби кон Реал Мадрид, истакнувајќи го како еден од главните претенденти за освојување на титулата.
Освен мадридскиот гигант, стратегот на Сити меѓу фаворитите ги вброи и Барселона и Ливерпул, кои покажаа одлични игри во текот на сезоната. Покрај нив, Гвардиола посочи уште еден тим кој моментално не се споменува многу во оваа улога.
– Реал Мадрид секогаш е меѓу фаворитите. Сепак, и други екипи прикажаа високо ниво на игра оваа сезона.Ливерпул е фантастичен, Барселона игра одлично, а и Пари Сен Жермен прави силни чекори напред под водство на мојот пријател Луис Енрике – изјави Гвардиола.
Во осминафиналето неизбежно ќе отпадне барем една од овие екипи, со оглед на ждрепката што ги спои Пари Сен Жермен со или Ливерпул или Барселона. Победникот од ова соочување потоа ќе се најде на истата страна од ждрепката како и Реал Мадрид,што гарантира интересна разврска во наредните фази на турнирот.




