Ерлинг Хaланд е очекуван добитник на наградата за Играч на месецот во Премиер лигата за август.
Норвежанецот постигна седум гола за Манчестер Сити минатиот месец, со што стана првиот играч кој постигнал исто толку голови на првите три натпревари на неговиот тим од една кампања.
Халанд постигна два „хет-трика“ во низа против Ипсвич и Вест Хем, а постигна гол и против Челси во првото коло.
– Задоволен сум што ја освоив оваа награда во толку рана фаза од сезоната. Многу сум благодарен на моите соиграчи, тренери и персонал за нивната помош за да се случи ова. Август беше одличен месец за тимот и горд сум што одиграв голема улога во тоа. Да се постигнат седум гола на три натпревари е одлично, но ќе продолжам да работам напорно за да ја подобрам мојата игра – изјави Халанд, трикратен добитник на оваа престижна награда.